Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Едвард ван де Вендел и Ануш Елман

МИШКА

МИШКА

Шифра: :Шифра: 30132

Повез
Редовна цена 700 ден.
Редовна цена 700 ден. Продажна цена 700 ден.
-0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

МИШКА

Книги за деца, 7+ години

„Не е дом тој што нема домашно милениче“ – така мисли Роја, деветгодишно девојче од Авганистан чие семејство морало да ја напушти родната земја кога таа била премала за да се сеќава.

И вечерва – прва во нивниот нов холандски дом, прва по шест години молби и бегства – сите се согласуваат со неа! Веќе наредниот ден во семејната куќа се вселува и Мишка, единствениот џуџест зајак на светот кој не јаде моркови.

Сите го сакаат Мишка и тој ги сака сите. Особено Роја. Кога не може да спие или кога ја посетуваат тешки мисли, таа му зборува на Мишка за себе. И за нејзините родители и тројцата постари браќа. И за бегството на кое сака да се потсети. Но, еден ден Мишка одеднаш исчезнува. А со него исчезнува и радоста на Роја.

Топла и трогателна приказна за грижата и љубовта, „Мишка“ се темели на вистински настани од животот на Ануш Елман и неговото семејство. Книгата е добитник на најпрестижната холандска награда „Златно перо“ во 2023 година, а нејзините преводи се номинирани за уште неколку видни награди во Италија и во Германија.

Возраст: 7+ години

Автор: Едвард ван де Вендел и Ануш Елман

Илустрацији: Анет Шап

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза)

Категорија / жанр: роман за деца

Превод од холандски јазик: Ели Пујовска

Формат: 135 х 195 mm

Повез: тврд

Број на страници: 160

ISBN: 978-608-4938-72-9

Година на издавање: 2024

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали