ЅВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА ОД СТРАШКОГРАД
ЅВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА ОД СТРАШКОГРАД
Шифра: :Шифра: 30003
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ЅВЕЗДА МРАК И СУШТЕСТВАТА ОД СТРАШКОГРАД
Книги за деца, илустрирани романи, 7-107 години
|
“Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград – книга-нопак!” е книга за едно многу посебно девојче од еден многу посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, суштества кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, бубачки, пајаци, црни мачиња, лилјаци… но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Но, тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград има уште еден град, наречен Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со овој град владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. Книгата има две корици, но всушност се чита одназад. И да, постои причина за тоа, освен што е необично, интересно и забавно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме. Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места. |
Награди и признанија– Потесен избор за наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, за 2019 година – Признание за трето место во категоријата најдобра книга за деца и млади меѓу два саеми на книга, кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), за 2020 година – Признание за прво место во категоријата најкреативно издание меѓу два саеми на книга, кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), за 2020 година – Признание за најдобра книга за млади на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ 2020 година |
Возраст: 7-107 години
|
Сподели

