КРИЛЧЕ / е-Книга
КРИЛЧЕ / е-Книга
Шифра: :9786084852919
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
КРИЛЧЕ / е-Книга
Сликовница, книга за деца, 3 - 6 години
|
Крилче е птица. Тој има клун, две нозе и две крилја. Па, сепак, Крилче не е како другите птици… |
|
За авторката: Клаудија Лагерман студирала педагогија и комуникациски науки во Амстердам. Работела како уредник во холандскиот детски весник „Kidsweek“ и како развивач на детски програми за холандската национална телевизија. „Крилче“ е нејзината прва сликовница. За илустраторката: Илустраторката Ханке Сименсма студирала ликовни уметности на Кралската академија за уметности во Хаг. За нејзината работа на книгата „Малиот мудар волк“, Ханеке била номинирана за медалот „Кејт Гринавеј“ на CILIP за 2020 година. Живее во Амстердам. За преведувачката: Маја Лазаревска работи во издавачкиот сектор уште од 2010 година како уредничка, преведувачка, организаторка на целокупното издавачко работење, организираторка на многубројни културни настани. Од 2016 година отвора нова издавачка куќа, „Артконект“, во која работи како главна и одговорна уредничка и управителка. Преведувачка е на книгите „Викторина“ од Јет ван Оверим и Анемари ван Херинген (2023) и „Трошки на хартија“ од Мариј Росен (Артконект, 2023); коавторка е на преводот на книгите „Дождец и Капка“ од Деница Илчева и Асја Колева (Артконект, 2021) и „Мечка страв“ од Марин Бодаков (Артконект, 2022). Објавила преводи на избор поезија на поетите Јаница Радева, Марин Бодаков и Мариј Росен на интернет страницата на „Артконект“. |
|
Авторка: Клаудија Лагерман Издавач: Арт Конект Едиција: Бајче Наслов на оригиналот: Snip / Claudia Lagermann & Hanneke Siemensma Илустрации: Ханке Сименсма Превод: Маја Лазаревска Број на страници: 48 Формат: е-книга Година: 2024 ISBN: 978-608-4852-91-9 |

Сподели

