КУЌА БЕЗ ОГЛЕДАЛА / е-Книга
КУЌА БЕЗ ОГЛЕДАЛА / е-Книга
Шифра: :Шифра: 30110е
Мала залиха
Не може да се вчита можност за преземање
КУЌА БЕЗ ОГЛЕДАЛА / Е-книга
Книги за деца, романи за деца, 11+ години
|
Куќата на старата тетка на Тумасина, Хенриета, како да е создадена за играње криенка. Полна е со спирални скали, со скриени катчиња и празни простории, но нема ниту едно единствено огледало. Хенриета е стара и болна, па во куќата се собрани сите нејзини роднини кои очекуваат дека ќе се најдат во нејзиниот тестамент. Додека возрасните се препираат околу наследството, Тумасина ги минува деновите со малечката и молчалива Сигне, со немирниот Ерланд и повлечената Вилма. Еден ден Сигне пронаоѓа таинствена осмоаголна просторија преполна со огледала, а во неа – скриен свет. Зошто Хенриета ги тргнала сите огледала од куќата? Како да се објаснат промените кај сите што ќе влезат во скриената просторија? И кое е мистериозното девојче кое е заслужно за тие промени? Романот „Куќа без огледала“ на Мортен Санден е трогателна приказна за љубовта, болката, растењето и созревањето, проткаена со загадочна атмосфера од која одвреме-навреме ќе ве полазуваат морници. Мрежата од необјаснети, на прв поглед застрашувачки искуства низ кои ќе поминат јунаците на овој роман сосема ќе ги трансформира, а средбата со мистериозното девојче од огледалото ќе ѝ помогне на Тумасина и на нејзиниот татко да се помират со страшната загуба што им ги скршила срцата. |
|
За авторот: Мортен Санден е роден во 1962 година во Стокхолм. Израснал во градот Лунд, каде што дипломирал психологија. Откако завршил факултет, почнал да пишува текстови за песни на повеќе шведски изведувачи, а потоа и книги за деца. Напишал повеќе од четириесет книги за деца и млади за кои добил многубројни награди, меѓу кои и престижната шведска награда „Астрид Линдгрен“. Се смета за еден од најзначајните современи шведски писатели за деца и млади. Член е на шведското Здружение на писатели на крими-романи и на Здружението на писатели за деца, а од 2018 година е и член на жирито кое ја доделува познатата интернационална награда за книжевност за деца и млади Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (ALMA). За преведувачката: Родна Русковска работи како самостоен и судски овластен преведувач за шведски и англиски јазик. Како некој што лично бил вклучен во шведската култура, посебен дел од нејзината преведувачка работа е посветен на превод на литературни дела од шведската книжевност. Меѓу шведските автори чии дела ги превела на македонски јазик и се достапни за македонските читатели се делата на познатите и наградувани Селма Лагерлеф, Астрид Линдгрен, Стиг Дагерман, Пер Улов Енквист, Рејдар Јонсон, Шерштин Екман, Елен Матсон, Ане Свард, Лина Волф, Лена Андерсон, Карл-Јохан Валгрен, Ева-Мари Лифнер, Стефан Мендел Енк, Јунас Карлсон, Јонас Хасен Кемири, Оскар Крун, Лив Стромквист, Сара Лундберг, Јоханес Анјуру, Мартин Видмарк, Мортен Санден и др. Тековно работи на неколку шведски модерни литературни преведувачки проекти. |
Возраст: 11+ години
|

Сподели

