Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Ана Бернс

МЛЕКАРОТ / е-Книга

МЛЕКАРОТ / е-Книга

Шифра: :9786085058280

Медиум
Редовна цена 590 ден.
Редовна цена Продажна цена 590 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

МЛЕКАРОТ / е-Книга

Роман, белетристика

Животот на една осумнаесетгодишна девојка одеднаш целосно ќе се промени кога ќе сфати дека ја демне и ја прогонува локален четириесет и тригодишен насилник, познат во нејзината средина како Млекарот. И покрај тоа што само неколкупати „случајно“ се среќаваат на улица, во квартот каде што живее девојката почнуваат да се шират озборувања за неа и Млекарот, па набргу сите нејзини пријатели, соседи и целото семејство се свртуваат против неа, без да постои реална причина за тоа.
Опишувајќи средина во која заедницата живее во постојана политичка тензија, во која сите се поделени на групи и не постојат неутрални, во која насилството е прифатено и пожелно кога се спроведува против „другите“, Ана Бернс во романот „Млекарот“ создава напната атмосфера на интриги, а во нејзиниот центар поставува една млада и исплашена, но сепак храбра девојка.

„Атмосферата во ‘Млекарот’ потсетува на делата на Стерн и на Бекет, но романот несомнено има своја посебна енергија, свој впечатлив глас. Иако навидум зборува за љубовните проблеми на една тинејџерка, книгата всушност е одек на низа политички и социјални случувања кои го потресуваат нашето современо општество.“
„Гардијан“

„Преку одлично изведен контраст меѓу црн хумор и страв, ‘Млекарот’ претставува своевидна студија на кризата, без оглед дали е таа душевна, индивидуална, семејна или колективна.“
„Тајмс“

За авторката:

Ана Бернс (1962, Белфаст) е писателка од Северна Ирска. Студира Руски јазик и литература во Лондон, а потоа се преселува во областа Сасекс во Англија, каде што живее и денес.
Авторка е на три романи и на една новела. Својот прв роман, Без коски, го објавува во 2001 година, а потоа следуваат Мали конструкции (2007) и Млекарот (2018), со кој постигнува светска слава. За Млекарот ги добива наградите „Букер“ (2018), „Орвел“ (2019) и меѓународната книжевна награда „Даблин“ (2020).

За преведувачката:

Авторка: Ана Бернс

Издавач: Арт Конект

Едиција: Измислени светови

Наслов на оригиналот: Milkman / Anna Burns

Превод: Катерина Јосифоска

Број на страници: 424

Формат: e-книга

Година: 2025

ISBN: 978-608-5058-28-0

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали