МОЌНИ ЗБОРОВИ
МОЌНИ ЗБОРОВИ
Шифра: :
Недостапно
Не може да се вчита можност за преземање
МОЌНИ ЗБОРОВИ
Роман
|
Девојче во бегство од моќта на татковите зборови |
|
Со раскажувачка сигурност и јазична прецизност, Елке Лоренц во својот роман ја опишува приказната на едно девојче и нејзиното семејство во источна Германија. Таа расте како ќерка на јавен обвинител, кој по војната добива можност да студира и сега бескомпромисно му служи на новото општество. Постојано е соочена со моќта на неговите зборови, со неговите барања, обвинувања и пресуди, со неговата војна на зборови. Тој човек знае сѐ, слуша сѐ, секогаш е во право. А ако и згреши, тоа е секогаш за некоја повисока цел. А детето мора да слуша. Впечатливо и емотивно е прикажана нејзината осаменост, нејзината заробеност во изолираниот свет на еден строг партиски функционер, нејзината потрага да биде како другите, нејзиниот скришен, а понекогаш и застрашувачки бунт... сѐ додека како млада жена не почне да бара и да наоѓа други зборови за својот живот, различни од татковите. Елке Лоренц е добитничка на наградата на Литературниот фестивал во Мајсен за 2025 година. |
|
За авторката: Елке Лоренц, родена 1950 година, студирала новинарство во Лајпциг, а потоа три години работела во редакција на окружен весник. Потоа следувале нејзините први книжевни дела. По падот на Берлинскиот ѕид била одговорна за односи со јавноста и прес-службата на градот Баутцен. Од 2009 година повторно поинтензивно ѝ се посветува на својата писателска работа. „Моќни зборови“ е нејзиниот дебитантски роман. Добитничка е на наградата на Литературниот фестивал во Мајсен за 2025 година.
За преведувачката: Ксенија Чочкова (родена 1979 година) дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи како книжевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Досега работела на повеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата. Со литературен превод се занимава од 2004 година и досега има објавено повеќе од 30 преводи на автори од германско говорно подрачје. Во нејзин превод се објавени автори како Зигфрид Ленц, Бернхард Шлинк, Јулија Франк, Елфриде Јелинек, Бертолт Брехт, Кристоф Хајн, Штефан Цвајг, Елијас Канети, Роберт Валзер, Роберт Музил и други. За своите преводи е наградена со повеќе стипендии како „Средба на преведувачи“ организирана од Литературниот колоквиум Берлин, „Преведувачка резиденција“ на Гете институтот и фондацијата Алфред Тепфер во Гут Зиген. |
|
Авторка: Елке Лоренц Превод од германски: Ксенија Чочкова Издавач: ИД-Концепт Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза) Жанр: роман Формат: А5 Повез: мек Број на страници: 202 ISBN: 978-608-4673-34-7 Година на издавање: 2026 |

Сподели

