Прејдете на информации за артиклот
1 од 6
    • Hahnemühle

    НОТЕС ЗА СКИЦИРАЊЕ И СУВИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE D&S SKETCH

    НОТЕС ЗА СКИЦИРАЊЕ И СУВИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE D&S SKETCH

    Шифра: :Шифра: 190511

    Формат и број на листови
    Редовна цена 520 ден.
    Редовна цена Продажна цена 520 ден.
    -Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
    Испорака и попусти пресметани при плаќање.

    Достапно веднаш

    HAHNEMÜHLE D&S SKETCH

    Нотес за скицирање и суви техники

    Силните и робусни нотеси за скицирање – Hahnemühle D&S sketchbook имаат атрактивен изглед и неверојатно се издржливи: со тврд повез и силно шиење кое овозможува лесно вртење на страниците и двострана работа. 140 грамската волуменозна хартија со природна бела боја има фина структура која не лизга, па цртањето на широки линии и природни широки сенчења е едноставно и ги продлабочува суптилните нијанси на боја во вашите цртежи со молив. Освен со молив, овие нотеси се идеални за работа со јаглен, црвена креда, дрвени бои, пастел и акварелни моливи, како и лесна работа со какви било акварелни бои. Нотесите се достапни во повеќе формати.

    Носете ги вашите скици и цртежи секаде со вас! Hahnemühle D&S sketchbook mini е најмалиот тефтер за скицирање од D&S линијата на Hahnemühle, идеален џебен придружник за секој одмор и секое патување. Со тврд повез и цврсто сошиен со конец, тој истовремено е издржлив и лесно се отвора – оставајќи простор за скицирање преку целата површина. Хартијата има нежна површина која не лизга, својство кое овозможува да се креираат широки линии, а природната нијанса дава пријатен тон кој ги засилува суптилните сенчења во вашите цртежи. 140 грамската хартија е одлична и за водени техники, како акварелот.

    Спецификација:

    Нотес за скицирање и суви техники, хартија со фина структура, тврд повез

    Формат / број на листови:

    - А4 / 80 листа / хоризонтален или вертикален

    - А5 / 80 листа / хоризонтален или вертикален

    - А6 / 62 листа / хоризонтален или вертикален

    - 12.5 x 9 cm / 30 листа

    - 14 x 14 cm / 80 листа

    - 19.5 x 19.5 cm / 80 листа

    Грамажа: 140 g/m2

    Боја: природно бела

    Техники: молив, јаглен, црвена креда, дрвени боици, пастел, акварелни моливи, како и лесна работа со какви било акварелни бои

    Без киселини

    Повеќе детали