Прејдете на информации за артиклот
1 од 5
  • Hahnemühle

НОТЕС ЗА ПИШУВАЊЕ, СКИЦИРАЊЕ И СУВИ ТЕХНИКИ - THE CAPPUCCINO BOOK & THE GREY BOOK

НОТЕС ЗА ПИШУВАЊЕ, СКИЦИРАЊЕ И СУВИ ТЕХНИКИ - THE CAPPUCCINO BOOK & THE GREY BOOK

Шифра: :Шифра: 190067

Нотес
Формат на хартија
Редовна цена 780 ден.
Редовна цена Продажна цена 780 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

THE CAPPUCCINO BOOK & THE GREY BOOK

Нотеси за пишување, скицирање, молив, јаглен, пенкало, акрилни маркери, мрсен пастел, лесни акварели

Сте го пробале ли The Grey Book на Hahnemühle?

Овој тенок и лесен нотес за скицирање со неговите суптилни сиви страници со фина текстура е идеален за работа со секаков тип на моливи, пенкала и акрилни маркери, па дури и лесни акварели. Ако сакате да скицирате со светли нијанси на бои и да ставате бели акценти – The Grey Book е она што го барате. На сивата хартија светлите нијанси стануваат уште повпечатливи и посјајни, а можете да изведувате високи и неверојатни контрасти.

Корицата на нотесот е цврста, со суптилна мека завршница и пријатна на допир, а цврстото шиење овозможува лесно да се отвора и да се работи двострано.

The Cappuccino Book на Hahnemühle е тенок нотес за скицирање, идеален придружник додека сте во движење или на патување.

Со неговата светлокафеава хартија, која потсетува на бојата на кафето, го прави прв избор за цртање и скицирање во топли нијанси на бои – кои на оваа хартија стануваат уште повпечатливи и посјајни. Ставајќи бели акценти, можете да креирате чудесни контрасти. Мазната хартија за скицирање е совршена за работа со секаков тип на моливи, пенкала и акрилни маркери.

Корицата на The Cappuccino Book е тврда и наликува на дрво, а цврстото шиење на нотесот овозможува лесно да се отвора и да се работи преку две страници. Кафеавата лента – обележувач е последниот детаљ во овој премиум нотес.

Спецификација:

Нотес за пишување, скицирање, суви техники и лесен акварел, сива и кафена боја на хартија

Број на листови: 40 (80 страници)

Формат: А4 / А5

Грамажа: 120 g/m2

Боја: сива (The Grey Book) / капучино (The Cappuccino Book)

Површина: фина текстура (The Grey Book) / мазна хартија (The Cappuccino Book)

Техники: молив, пенкало, акрилeн маркер, лесни акварели (The Grey Book) / молив, пенкало и акрилен маркер (The Cappuccino Book)

Без киселини

Повеќе детали