ОВДЕ, ВО БЛИЗИНА, ЖИВЕЕ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ / Аудио книга
ОВДЕ, ВО БЛИЗИНА, ЖИВЕЕ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ / Аудио книга
Шифра: :Шифра: 30067a
Мала залиха
Не може да се вчита можност за преземање
ОВДЕ, ВО БЛИЗИНА, ЖИВЕЕ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ / Аудиокнига
Сликовници, книги за деца, 5+ години
|
Овде, во близина, живее едно девојче кое никој не го познава. Текстот на Ида Млакар Чрнич е краток, но има разорна моќ. Допира длабоко и ги урива ѕидовите на предрасудите и омразата. |
|
За авторката: Ида Млакар Чрнич е популарна и наградувана словенечка авторка на книги за деца. Уште на седумгодишна возраст одлучила да стане писателка – кога ја напишала својата прва приказна за едно изгубено гравче. Во моментов работи во младинскиот оддел на јавната библиотека во Љубљана, каде што организира читања и други активности за деца. Во слободно време пишува приказни, опишувајќи ги односите меѓу луѓето. Емоциите во нејзините приказни допираат и до најмалите и до најголемите читатели. За илустраторот: Петер Шкерл завршил на Академијата за убави уметности во Љубљана. Бил дел од многу театарски и куклени претстави – прво како актер-аматер, а потоа и како сценограф на повеќе претстави за деца. За илустрациите на книгата „Мочурливци“ на Барбара Симонити ја добил наградата „Хинко Смрекар“ – најважната награда за илустрација во Словенија, а книгата била вклучена и во каталогот White Ravens на 200 најдобри книги за деца и млади за 2014 година. Ја добил и наградата „Кристина Бренкова“ за оригинална сликовница на словенечки јазик во 2007, 2016 и 2018 година, трипати бил номиниран за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (ALMA) и двапати за наградата „Ханс Кристијан Андерсен“. За преведувачот: Дарко Спасов е универзитетски дипломиран филолог и магистер по драматургија од Кочани. Преведува книги за деца и за возрасни веќе дваесет и пет години и досега превел над 80 прозни, драмски, поетски и театролошки дела од словенечки, но и од англиски на македонски јазик. Меѓу нив се вбројуваат авторите: Тадеј Голоб, Вероника Симонити, Драго Јанчар, Петер Светина, Марко Сосич, Броња Жакељ, Евалд Флисар; Станка Храстељ, Цветка Бевц, Питер Брук, Деклан Донелан; Сигфрид Мелхингер, Михаил Александрович Чехов, Нејц Заплотник, Андреј Розман Роза, Винко Модерндорфер, Сузана Тратник, Себастијан Прегељ, Нил Сајмон, Петер Резман, Томаж Космач, Иван Добник, Барбара Хануш… За превод на пиесата „Брана“ од Конор Мекферсон во 2019 г. ја добива втората награда на Еуродрам. |
Возраст: 5+ години
|

Сподели

