Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Пајо Авировиќ

НА ПОГРEШНАТА СТРАНА

НА ПОГРEШНАТА СТРАНА

Шифра: :Шифра: 30005

Повез
Редовна цена 200 ден.
Редовна цена 200 ден. Продажна цена 200 ден.
-0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

НА ПОГРEШНАТА СТРАНА

Поезија

Стихозбирката „На погрешната страна“ е своевиден амалгам на вештината на управување со зборот на авторот и насобраната мудрост, пренесена преку кристално чисти и бескрајно хумани пораки. Стиховите на Авировиќ никого нема да остават рамнодушен. Тие удираат директно во стомакот и срцето, при тоа интензивно делувајќи врз мозочните клетки. Со други зборови, „На погрешната страна“ го има оној непроценлив квалитет, неопходен за секоја врвна уметност – ве тера на размислување, при тоа приредувајќи ви непроценливо естетско искуство.

Sвездан Георгиевски, рецензент

„На погрешната страна“ е второ книжевно дело на Пајо Авировиќ, а прва збирка поезија.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Потесен избор за наградата „Браќа миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2020 година

Гледано од брегот
Морето е поделено на две бои:
Блиску до нас луѓето е црно
Како да ги испило сите валканици на светот
Од средината е веќе небесно сино
Далеку од нас е вистинско море
Црно за луѓето сино за галебите
Што вреди и да сме на вистинската страна на историјата
Кога сме на погрешната страна на морето.

Автор: Пајо Авировиќ

Илустрација на корица: Зоран Кардула

Категорија/жанр: Поезија

Едиција: Корија

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 96

ИСБН: 978-608-66234-5-6

Година на издавање: 2019

Повеќе детали