ПРИРОДОНАУЧНИОТ ДНЕВНИК НА СЛОНОЗОФОТ
ПРИРОДОНАУЧНИОТ ДНЕВНИК НА СЛОНОЗОФОТ
Шифра: :Шифра: 30164
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ПРИРОДОНАУЧНИОТ ДНЕВНИК НА СЛОНОЗОФОТ
Природонаучни факти, едукативни изданија, книги со актиности, 7+ години
|
Здраво! Пак јас! Добро познатиот филозоф, Слонозоф! Се сеќаваш на мене, нели? Со нетрпение го очекувам твоето „да“, целиот претворен во очи – и лупа, се разбира. Оние што ме познаваат добро знаат дека во мојата лабораторија во длабоката шума правам експеримент по експеримент, секој пофасцинантен од претходниот. Моја страст е да наоѓам одговори на зезнатите прашања на природата, оние што не ми излегуваат од глава или оние на моите шумски другари. Овие одговори ги запишувам во мојот дневник. Може да се рече дека овој конкретен дневник си се разви сосема органски. Ги истражував планините и инсектите во природата. Ги собрав сите интересни и забавни факти за дрвјата и за животните. И згора на сето тоа, додадов фасцинантни и возбудливи експерименти. Сакаш ли да дознаеш за овие авантури исполнети со радост и безгранично истражување? Тогаш, те чекам на новите страници во мојот природонаучен дневник! |
|
Возраст: 7+ години Автор: Фатих Дикмен Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума) Импринт: Чудна шума Илустрации: Бушра Чакмак Превод од англиски јазик: Владимир Стојановски Категорија/жанр: Едукативни изданија; научни факти; книги со активности Едиција: Шумопедија Формат: А5 Повез: мек Број на страници: 128 ИСБН: 978-608-4673-04-0 Година на издавање: 2026 |
Сподели

