Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Катрине Недрејурд

ПУШТИ МЕ / Аудио книга

ПУШТИ МЕ / Аудио книга

Шифра: :Шифра: 30157a

Медиум
Редовна цена 800 ден.
Редовна цена Продажна цена 800 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Мала залиха

ПУШТИ МЕ / Аудиокнига

Романи за млади, графички романи, 13+ години

Ана е половина Сами и половина Турчинка и има проблем да се приспособи на средината. Ана и Аманда отсекогаш биле најдобри другарки. Аманда е таа што одлучувала за сѐ, а Ана ја следела во чекор. Но, во мигот кога Ана без помош од Аманда ќе се обиде да сфати која е навистина, Аманда ѝ застанува на патот. И прави сѐ што може за да ја спречи да оди понатаму.

Роман за пријателството, нееднаквоста и припаѓањето.

За авторката:

Катрине Недрејурд (родена 1987 година) е Сами и норвешка авторка и драмска писателка. Израснала на северот на Норвешка, но живее во Париз од 2011 година. Пишува поезија, драмски текстови, романи за млади и за возрасни. Нејзиниот втор роман за млади „Пушти ме“ (2018) беше номиниран за Норвешката книжевна награда Uprisen (2018), а беше и дел од почесната листа на IBBY (2020).

За преведувачката:

Искра Бадева е родена во 1980 година во Скопје. Додипломски студии по скандинавистика завршува на Софискиот универзитет во Бугарија во 2007 година. Извесен период работи како уредник и преведувач во издавачката куќа „Табернакул“. Преведува од англиски, норвешки, шведски, дански и од фински јазик и досега има изработено педесетина преводи на актуелни скандинавски автори. За својата преведувачка работа ја добива наградата „Златно перо“ за 2011 година која ја доделува Здружението на литературни преведувачи на Македонија.

Возраст: 13+ години

Автор: Катрине Недрејурд

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од норвешки: Искра Бадева

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Категорија/жанр: книга за млади; графички роман

Медиум: Аудиокнига

Формат: .MP3

Број на страници: 196

ИСБН: 978-608-4673-29-3 (аудио книга)

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали