Прејдете на информации за артиклот
1 од 2
    • Hahnemühle

    РАЗГЛЕДНИЦИ ЗА СЛИКАЊЕ СО АКВАРЕЛ И ВОДЕНИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE WATERCOLOUR POSTCARDS

    РАЗГЛЕДНИЦИ ЗА СЛИКАЊЕ СО АКВАРЕЛ И ВОДЕНИ ТЕХНИКИ - HAHNEMÜHLE WATERCOLOUR POSTCARDS

    Шифра: :Шифра: 190053

    Формат на хартија
    Тип на хартија
    Редовна цена 910 ден.
    Редовна цена 910 ден. Продажна цена 910 ден.
    -0% Недостапно
    Испорака и попусти пресметани при плаќање.

    Достапно веднаш

    HAHNEMÜHLE WATERCOLOUR POSTCARDS

    Разгледници за сликање со акварел и водени техники

    Hahnemühle Watercolor Postcards – разгледници за сликање со водени техники во метална кутија (достапни во груба / rough варијанта или ладно пресувани / cold pressed).

    Креирајте сопствени разгледници, честитки, картички и подарете им на најблиските уникатни уметнички дела што траат – со Hahnemühle watercolour postcards. Идеални за уметниците што работат во акварел или други водени техники, но и за оние кои работат со молив или пенкало, разгледниците доаѓаат во стилски дизајнирана метална кутија – сет од 30 парчиња 230 грамска врвна акварелна хартија со галериски квалитет.

    Достапни се во две варијанти – со груба и со ладно пресувана структура. Фината структура на хартијата и нејзината природна бела боја овозможуваат боите да дојдат до израз – па затоа е соодветна и за суви, како и за водени техники.

    Секоја разгледница има заоблени рабови, како и испечатен заден дел со поле за адреса и за пишување на вашите честитки, поздрави, и слично. Одлични како новогодишни картички, разгледници од вашите патувања, покани и честитки за секоја пригода… неограничени можности, лесни и практични за носење.

    Спецификација:

    Разгледници за сликање со водени техники во груба или ладно пресувана варијанта, со можност за пишување текст

    Формат:  А6 - 10 x 15 cm

    Број на листови: 30

    Грамажа: 230 gr/m2

    Боја на хартија: природно бела

    Техника: акварел

     

    Повеќе детали