ХИЗМИНА И ХИЗМИНИЈ
ХИЗМИНА И ХИЗМИНИЈ
Шифра: :Шифра: 30146
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ХИЗМИНА И ХИЗМИНИЈ
Роман, Византиски роман
|
Многу одамна, во некое неодредено претхристијанско време, младиот Хизминиј е избран со ждрепка да биде свечен Гласник на Ѕевс во измислениот грчки град Авликомид. За време на тридневниот престој, домаќин му е еден богат граѓанин по име Состен. Состен има убав дом, уште поубава градина и најубава ќерка – Хизмина. Таа се вљубува во Хизминиј по само еден поглед; тој во неа – по еден ден. Според обичајот, на крајот од престојот Хизминиј е должен да се врати назад во својот роден град, Еврикомид, и таму да ги угости дотогашните домаќини во домот на своите родители. Во тајноста на една од неговите одаи, љубовта меѓу Хизмина и Хизминиј се продлабочува. И токму тогаш, сосема неочекувано, Состен објавува дека ја ветил ќерка си на некое беспрекорно момче од Авликомид и ги кани своите домаќини на свадба. Хизмина и Хизминиј решаваат итно да го напуштат градот. Но, не можат да знаат, додека се качуваат на брод за Сирија, дека таа вечер Посејдон ќе биде суров и гневен. И не можат да знаат дека единствен начин да го смилостиват e да му принесат жртва. Човечка жртва. Еден од четирите романи составени во Византија за време на владеењето на Комнините (1081–1185), Хизмина и Хизминиј е роман за желбата и должностите, за судбината и страста, како и за неумоливата моќ на Ерос, момчето-бог на љубовта, пред кого омекнуваат и најхрабрите срца и пред кого се поклонуваат денот, ноќта и сите владетели и господари на морето, земјата и небото. |
|
Автор: Евматиј Макремволит Превод од старогрчки, предговор и белешки: Даниела Тошева Жанр: Роман; византиски роман; романса Едиција: Древна шума Формат: А5 Број на страници: 168 Повез: мек ISBN: 978-608-4938-74-3 Година на издавање: 2024 |
Сподели

