9 ПРИКАЗНИ ЗА ГОСПОЃИЦА СИТ
9 ПРИКАЗНИ ЗА ГОСПОЃИЦА СИТ
Шифра: :Шифра: 30006
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
9 ПРИКАЗНИ ЗА ГОСПОЃИЦА СИТ
Романи, збирки раскази
|
Финалист за Роман на годината за 2019 година, Фондација „Славко Јаневски“ |
|
Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни… |
Рецензии„Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска е обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.“ Калина Малеска, писателка и рецензент на книгата. |
Цитати од романот
|
|
„Чувствуваше гадење во стомакот што не можеше да го објасни. Како внатре во желудникот да имаше нешто живо што клокотеше и вриеше, нешто што сакаше да излезе надвор! Се стрча накај бањата, но се сопна и падна на колена. Желудникот ѝ се крена нагоре и од устата ѝ излета чудовиштето: темна сенка, страшило, чедо на стравот и колебливоста. Се истркала пред неа како топче и се стопи со сенките во собата. Сега ја демнеше оттаму, од сенките, чекајќи да види што ќе стори. Чекајќи да згреши. Еден погрешен чекор и повторно ќе ја зграпчи. Ќе се всади внатре во неа, овој пат многу подлабоко!“ |
|
„Потстана и се обиде да зачекори. Болеше. Повторно седна на карпата и го разгледа местото. Сега веќе не изгледаше толку волшебно, туку студено и туѓо. Додека седеше, сè повеќе застудуваше, а онаа магличавост небаре стануваше густа магла, заканувачки обиколувајќи ја чистинката, голтајќи парче по парче од неа со секој изминат миг. Сè околу неа сега изгледаше несфатливо нереално, како во кобен сон што навестува нешто ужасно. Уште почудно, но таа како да престана да се плаши. Може ми било судено, си рече. Да си појдам вака. Сама како утка. И онака не ми се живее без него. Не ми се живее… без него… не ми се… без него… живее… Речиси ги затвори очите. Речиси се помири. Речиси. Но, крошните на дрвјата зашумолија, а низ чистинката се прикраде кротко ветре, бркајќи ја маглата како куче залутано стадо овци.“ |
|
Автор: Билјана С. Црвенковска Илустрација на корица: Зоран Кардула Едиција: Дабрава Категорија / жанр: роман, збирка раскази Формат: А5 Повез: мек Број на страници: 152 ISBN: 978-608-66234-4-9 Година на издавање: 2023 |
Сподели

