ОЏАЧАРОТ – ПРИКАЗНА ЗА ЕДНО ДЕВОЈЧЕ И НЕЈЗИНОТО ЧУДОВИШТЕ
ОЏАЧАРОТ – ПРИКАЗНА ЗА ЕДНО ДЕВОЈЧЕ И НЕЈЗИНОТО ЧУДОВИШТЕ
Шифра: :Шифра: 30117
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ОЏАЧАРОТ – ПРИКАЗНА ЗА ЕДНО ДЕВОЈЧЕ И НЕЈЗИНОТО ЧУДОВИШТЕ
Книги за деца и млади, романи за деца и млади, 11+ години
|
Бестселер на Њујорк Тајмс од авторот на „Ноќниот градинар“ – Џонатан Оксие |
|
Поминати се пет години од исчезнувањето на Оџачарот. Напуштена и сама, Нена Врабец е приморана да работи за безмилосен оџачар по име Вилки Круд. Деновите ги поминува во чистење оџаци. Работата е опасна и неблагодарна, но благодарение на своите памет и волја, Нена постојано успева да ги надмине опасностите. Кога Нена се заглавува во еден запален оџак, стравува дека ѝ дошол крајот. Но подоцна се буди неповредена на напуштен таван. И не е сама. Стуткано во аголот е мистериозно суштество – голем – направен од саѓи и пепел. Оџачарот е приказната за едно девојче и нејзиното чудовиште. Заедно, овие двајца отпадници градат нов живот, притоа спасувајќи се еден со друг. Лирично раскажана од еден од најмоќните раскажувачи на денешницата, Оџачарот е срцепарателна авантура за бескрајните дарови на пријателството и чудата. |
Рецензии„Духовита и застрашувачка, волшебна и инспиративна. Оксие создал свет во кој ќе се вљубите. Извонреден раскажувач.“
„Со своите симпатични и живи ликови, уникатна приказна и чувство за вистинско чудо, Оџачарот се чита како класично дело напишано за современи читатели, стари и млади.“
„Оџачарот е книга на која нема да ѝ одолеете. Полна со фантазија и чуда, ова е приказна за љубов и за тоа како грижата за другите нѐ менува, а понекогаш, кога ќе се погоди и магијата, го менува и светот.“
„Оваа мудра, прекрасна книга е за чуда, за тоа како осаменоста ја претвораме во семејство, а очајот во отпор. Незаборавна приказна, исполнета со магија и надеж.
|
Возраст: 11+ години
|
Сподели

