Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Владислава Војновиќ

ПРИНЦ ОД ХАРТИЈА

ПРИНЦ ОД ХАРТИЈА

Шифра: :Шифра: 30038

Повез
Редовна цена 400 ден.
Редовна цена Продажна цена 400 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

ПРИНЦ ОД ХАРТИЈА

Книги за деца, романи за деца, 10-12 години

Ние, децата, кога се гледаме едни со други или во огледало, воопшто не сме мали. А опасните работи, всушност, баш се добри.

Јулија има осум години, сака да црта и често е сама. Кога на вратата од нејзиниот стан ќе се појави сомнителниот анкетар Никола, Јулија во него ќе најде пријател кој умее да си игра и кој може да нацрта совршен круг без шестар. На крајот од нивното дружење, Никола добива на подарок еден пасош и стари обетки. Но, тоа ќе биде повод за многубројни перипетии и интересна авантура…

„Принц од хартија“ е неверојатно возбудлив и исклучително духовит роман за децата што го откриваат светот на своите врсници, но случајно влетуваат во проблемите на родителите кои ги измачува несигурноста на општеството во транзиција. Живописно и разиграно раскажана од гледна точка на едно девојче, оваа поучна и урнебесна приказна ќе го развесели целото семејство.

Награди и признанија:

Романот ја доби наградата на Змајевите детски игри за најдобар роман за деца во 2008 година и наградата на детското жири Доситејево перо. По книгата е снимен и истоимениот филм, кој е прикажан на повеќе од седумдесет фестивали и кој освои тринаесет награди

Возраст: 10-12 години

Автор: Владислава Војновиќ

Превод: Билјана Црвенковска

Илустрација на корица: Ване Костуранов

Едиција: Од шумите на Европа

Категорија/жанр: книга за деца, роман за деца

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 182

ИСБН: 978-608-4938-26-2

Повеќе детали