Прејдете на информации за артиклот
1 од 4
  • Pebeo - Vitrea

СЕТ БОИ ЗА СТАКЛО - PĒBĒO VITREA 160 GLOSSY – EXPLORATION SET / 12x20ml

СЕТ БОИ ЗА СТАКЛО - PĒBĒO VITREA 160 GLOSSY – EXPLORATION SET / 12x20ml

Шифра: :57757461

Сетот содржи:
Редовна цена 1,650 ден.
Редовна цена Продажна цена 1,650 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Мала залиха

БОЈА ЗА СТАКЛО - PĒBĒO VITREA 160 GLOSSY “EXPLORATION SET”

Pébéo Vitrea 160 Glossy – сет транспарентни бои за стакло со фиксирање на 160°C

Сет транспарентни бои на водена база со сјаен ефект, кои ја спојуваат едноставната употреба со професионални резултати. По печењето на 160°C, нијансите добиваат длабочина и создаваат впечаток дека бојата е дел од самото стакло.

Боите Vitrea 160 се нанесуваат на стакло, кристал и други површини што можат безбедно да се загреваат на оваа температура. Достапни се во шишенца, како контурни бои во туби и како маркери, што овозможува комбинирање различни техники и прецизно изработување детали.

Помошните медиуми Vitrea 160 ги прошируваат можностите за работа: разредувачот ја намалува густината на бојата, матираниот медиум ги осветлува нијансите без да ја разредува нивната конзистенција, а иридесцентниот медиум додава бисерни отсјаи. Контурните бои во туби се погодни за исцртување граници меѓу обоените површини и создавање релјефни мотиви.

По печење 40 минути на 160°C, боите стануваат отпорни на миење во машина за садови и создаваат трајна завршница.

Сет бои за стакло Pébéo Vitrea 160 Glossy, 12 × 20 ml | Boi za staklo | Boja za staklo | Боја за стакло сет | Set boi za vitrazh | Сет бои за витраж | Pebeo glass color – 57757461, слика 1

Спецификација:

Pébéo Vitrea 160 Glossy Exploration set: сет сјајни бои за стакло, 12 × 20 ml.

Сет бои на водена база со сјајна завршница, наменети за декорирање стаклени предмети и садови.

Сетот содржи 12 нијанси: бела, жолта, паприка, чили црвена, индиска црвена, бенгалска розова, амарант, лапис лазули, тиркизна, ориентална зелена, земјена кафеава и мастило црна.

Покривност: □ / Транспарентна

Светлоотпорност: +++/l : Многу висока

Упатство за употреба

Пред нанесување на боите Vitrea 160, доволно е површината да се исчисти и обезмасти со алкохол или вода со сапун.

Поставете го декорираниот предмет во ладна рерна. Откако рерната ќе достигне 160°C, печете 40 минути. По завршувањето, отворете ја рерната и оставете го предметот да се излади во неа за да избегнете термички шок.

Декорирајте само површини што не се наменети за директен контакт со храна. Чашите декорирани со Vitrea 160 се безбедни за пиење доколку бојата се нанесува до приближно 1 cm под горниот раб, оставајќи го делот што доаѓа во допир со усните необоен.

Според производителот, тестовите за миграција на супстанции, спроведени во акредитирана лабораторија, покажале дека случајниот контакт на декорираните површини со храна не претставува ризик по здравјето.

Графички симболи

Отпорност на светлина во музејски услови / Степен на покривност на боја

Најмалку 100 год.
25 - 100 год.
10 - 25 год.
Покривна боја
Полупокривна боја
Полупроѕирна боја
Проѕирна боја
Повеќе детали