Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Зденко Башиќ

СЕВЕРОЗАПАДНИОТ ВЕТЕР / е-Книга

СЕВЕРОЗАПАДНИОТ ВЕТЕР / е-Книга

Шифра: :9786084852995

Медиум
Редовна цена 515 ден.
Редовна цена Продажна цена 515 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

СЕВЕРОЗАПАДНИОТ ВЕТЕР / е-Книга

Сликовница, книга за деца, 3 - 6 години

Некогаш ноќта им припаѓала на суштествата на мракот, на јагарите, на кватрите, на мраковите… Некогаш цвеќињата им припаѓале на самовилите. Некогаш луѓето го почитувале она што не го разбираат и не го умеат. А ветерот им раскажувал и на едните и на другите.
Но денес се ретки тие што го слушаат. Луѓето се заглушија со вревата што ја создаваат, а суштествата на ноќта избледеа под уличното осветление. За наша среќа, едно момче сè уште го слуша ветерот што зборува. Ветерот од северозапад му ги носи приказните од Медведница и од Самоборските Ридови.

За авторот:

Зденко Башиќ е роден 1980 година во Загреб, каде што завршил Училиште за применета уметност и дизајн, оддел Графички дизајн. Дипломирал на Катедрата за анимиран филм и нови медиуми на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Покрај со анимиран филм, се занимава и со илустрација, па досега илустрирал неколку книги за деца, меѓу кои и најновите изданија на бајките на Андерсен и на Грим. Добитник е на повеќе награди за илустрација.

За преведувачот:

Автор: Зденко Башиќ

Издавач: Арт Конект

Едиција: Бајчe

Наслов на оригиналот: Sjeverozapadni vjetar / Zdenko Bašić

Превод: Владимир Јанковски

Број на страници: 88

Формат: е-книга

Година: 2024

ISBN: 978-608-4852-99-5

 

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали