Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Даглас Стјуарт

ШАГИ БЕЈН / е-Книга

ШАГИ БЕЈН / е-Книга

Шифра: :9786085058259

Медиум
Редовна цена 590 ден.
Редовна цена Продажна цена 590 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

ШАГИ БЕЈН / е-Книга

Роман, белетристика

Во 1981 година Глазгов тоне во економска и социјална криза. Агнес Бејн со своите три деца и сопругот е принудена да се пресели во малиот стан на своите родители. Борејќи се со сиромаштијата, депресијата и насилството на кое е секојдневно изложена, Агнес сè повеќе сфаќа дека никогаш нема да го живее животот што го посакува. Нејзиниот најмал син, Шаги, е единствениот што сонува дека љубовта, сепак, може да го спаси неговото семејство.
„Шаги Бејн“ е роман за растењето и созревањето на едно момче, за распаѓањето на едно семејство, за безусловната љубов, за борбата со сопствените демони и роман за пропаста на едно општество. Раскажан едноставно и низ детска перспектива, а истовремено комплексен во поглед на темите и мотивите што ги разработува, „Шаги Бејн“ е трогателен и незаборавен роман.

„Пишувајќи со голема топлина и сочувство кон ликовите, Стјуарт создава роман за својот живот без да пишува автофикција. Приказната е потресна, но ги воздигнува читателите во име на книжевноста.“
„Гардијан“

„Првенецот на Даглас Стјуарт е роман со ретка и трајна убавина, истовремено нежен и моќен, со толку добро изграден главен лик, што ни се чини дека го препознаваме во секој од нас.“
„Опсервер“

За авторoт:

Даглас Стјуарт (Глазгов, 1976) е шкотско-американски писател. Студира моден дизајн во Единбург и во Лондон, а по студиите се преселува во Њујорк, каде што гради успешна кариера како моден дизајнер. Почнува да пишува раскази и есеи, а подоцна и романи. За својот прв роман – „Шаги Бејн“ – ја добива престижната награда „Букер“ и стекнува светска слава, а романот е преведен на повеќе од четириесет јазици.
Вториот роман на Стјуарт е „Младиот Мунго“ (2022), а неговото најново дело, романот „Џон од Џон“ е објавен во 2026 година.

За преведувачот:

Автор: Даглас Стјуарт

Издавач: Арт Конект

Едиција: Измислени светови

Наслов на оригиналот: Shuggie Bain / Douglas Stuart

Број на страници: 488

Формат: е-книга

Година: 2025

ISBN: 978-608-5058-25-9

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали