Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Андреј Курков

СИВИ ПЧЕЛИ / е-Книга

СИВИ ПЧЕЛИ / е-Книга

Шифра: :

Медиум
Редовна цена 600 ден.
Редовна цена Продажна цена 600 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

СИВИ ПЧЕЛИ / е-Книга

Роман, белетристика

Во Мала Староградовка, село сместено на ничија земја меѓу Украина и Русија, живеат само двајца средовечни мажи: пензионираниот Сергеј Сергеич и Пашка, неговиот ривал од училишните денови. Сред воениот конфликт што сè повеќе се разгорува, единственото задоволство на Сергеич се неговите пчели. Но, кога завршува зимата, тој решава да ги одведе пчелите далеку од воената зона за да можат да собираат полен и ќе помине илјадници километри за да ги пренесе на полуостровот Крим. Детската едноставност на Сергеич и неговиот силен морален компас ги разоружува сите што тој ги среќава по патот.
„Сиви пчели“ е воен роман во кој војната има периферна улога, а централно место зазема приказната за фасцинацијата на еден човек од природниот поредок на универзумот и за тоа што може да се случи кога тој универзум ќе биде изваден од рамнотежа поради човековото влијание.

За авторот:

Андреј Курков (1961) е еден од најзначајните и најпреведувани современи украински писатели. Студирал странски јазици и работел како преведувач, новинар и сценарист. Во деведесеттите години на минатиот век почнал да пишува проза и самостојно го објавил својот прв роман со кој постигнал огромен успех.
Курков пишува романи, раскази, сценарија, есеи и книги за деца, а неговите книги се преведени на повеќе од четириесет јазици. Особено се ценети неговите романи, меѓу кои се издвојуваат „Смртта и пингвинот“ (1996), „Добриот ангел на смртта“ (1998), „Џими Хендрикс во живо во Лавов“ (2012), „Сиви пчели“ (2018), „Самсон и Надежда“ (2022).

За преведувачката:

Авторка: Андреј Курков

Издавач: Арт Конект

Едиција: Измислени светови

Наслов на оригиналот: Серые пчелы / Андрей Курков

Превод: Милена Николовска

Број на страници: 432

Формат: е-книга

Година: 2024

ISBN: 978-608-4852-97-1

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали