СКОКОТЛИВАТА КУЌА / е-Книга
СКОКОТЛИВАТА КУЌА / е-Книга
Шифра: :
Недостапно
Не може да се вчита можност за преземање
СКОКОТЛИВАТА КУЌА / е-Книга
Сликовници, книги за деца, 4+ години, е-книга
|
Дали знаеш, дете, што излегува од јајцата од молив, стоплени во едно гнездо-чкртка? Излегува приказна. Приказна за една куќа со виткани линии, нацртана од едно дете што силно го стискаше моливот. Оваа куќичка со име Скокотливка живее во земјата на детските цртежи што се вика Точкалинија. Толку е налутена од исмејувањето на другите куќички, што тргнува со брод кон Северниот Пол, за да смрзне и да се чувствува силна како сите други куќи. И како што се знае, секоја пречка е авантура… од која извлекуваме поука која никогаш нема да ја заборавиме. |
|
За авторката: Рудина Чупи е автор на многу книги за деца. Таа почна да пишува книги за да ја научи својата ќерка да ги распознава буквите. Многу сака да им раскажува на децата и тоа често го прави во училишта, паркови или библиотеки. Ако ја поканиш во твоето училиште, ќе видиш дека ќе дојде како бабите: натоварена со чанти. Таму ги чува алатките за раскажување бидејќи ѝ се допаѓа децата да уживаат во читањето со сите сетила и да учествуваат активно во придружните активности. Но и читателите, освен задоволство, нејзе ѝ подаруваат рачно изработени работи инспирирани од нејзините книги... Таа мисли: „Инспирацијата е најголемото задоволство од читањето!“ За илустраторката: Ирељ Чупи илустраторката на оваа книга, кога ја нацрта, имаше само 13 години. Таа ја нацрта и Какарина, најелегантната и најсимпатична кокошка – уште една од книгите што ги илустрирала таа. Ирељ чува многу картонски книги во форма на заб, рака, пеперутка, дрво, замок, вселенски брод, кои ги создала на свои 5 години, кога ги учела буквите. Оттогаш нејзе ѝ се допаѓа да чита и да создава. Книгите или ликовите што ѝ се допаѓаат („срцето ми прескокнува од возбуда“ вели таа) ја поттикнуваат да создава уметнички дела. Инспирирана од книгите, таа ја играше главната улога во филмот „Кралицата Теута“ (Mbretëresha Teutë) заедно со нејзините другарки од одделението. Ако ја прашаш: „Што ќе станеш кога ќе пораснеш?!“, ќе ти каже просто „Голема“. За преведувачката: Јордана Шемко-Георгиевска преведувачката на оваа книга од албански на македонски јазик, е родена во Корча, Р. Албанија, каде што завршила основно и средно образование на албански јазик. Високо образование завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, каде што и магистрирала. Работи како преведувач и толкувач од 2001 година. Има преведено низа книжевни дела од албански на македонски јазик: „Секој полудува на свој начин“, том I и том II, од Стефан Чапалику, „Во потрага по изгубената кошула“ од Аријан Лека, „Записите на црвот Смолински“ од Азем Делиу, како и поезија од албански на македонски јазик и обратно. Таа е и лектор на низа изданија на македонски и на албански јазик. |
|
Возраст: 4+ години Автор: Рудина Чупи Илустрации: Ирељ Чупи Издавач: ИД-Концепт - Чудна шума Импринт: Чудна шума Категорија/жанр: книга за деца, сликовница Едиција: Планета НАДЕЖ (Нова европска проза) Превод од албански јазик: Јордана Шемко-Георгиевска Формат: е-книга Број на страници: 38 ISBN: 978-608-4673-54-5 Година на издавање: 2026 |

Сподели

