Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Лидија Сандгрен

СОБРАНИ ДЕЛА / е-Книга

СОБРАНИ ДЕЛА / е-Книга

Шифра: :9786085058051

Медиум
Редовна цена 600 ден.
Редовна цена Продажна цена 600 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

СОБРАНИ ДЕЛА / е-Книга

Роман, белетристика

Мартин Берг, неуспешен писател и сопственик на мала издавачка куќа во Гетеборг, запаѓа во сè поголема криза. Неговата сопруга мистериозно исчезнува, неговиот најдобар пријател не му одговара на повиците, неговата издавачка куќа тоне во долгови, а се чини дека и неговите деца сè повеќе сакаат да се оддалечат од него. Еден ден неговата ќерка случајно ќе открие трага што може да ја открие тајната за исчезнувањето на мајка ѝ, но одговорите се сосем различни од тие што ги очекува.
„Собрани дела“ е динамичен, читлив и вешто напишан роман што во основата е семејна сага, но всушност се разгранува во суптилно и длабоко филозофско промислување на суштината на уметноста, пријателството, верноста, љубовта и среќата.

„Грандиозна, комплексна драма за семејството, уметноста и жртвата, која несомнено ќе ги освои читателите.“
„Паблишерс викли“

„Ги насетуваме нејзините американски влијанија, како Џонатан Френзен или Пол Остер, но со својот едноставен пристап кон комплексни теми Лидија Сандгрен очигледно избира оригинален пат. Ова е книжевност за нашето време: сериозна, длабока, но никогаш крута и здодевна.“
„Клајне цајтунг“

За авторката:

Лидија Сандгрен (1987) е шведска писателка. Студирала музика, филозофија и психологија. Живее и работи во Гетеборг.
„Собрани дела“ е нејзиниот прв роман, кој веднаш по објавувањето предизвикува сензација на шведската книжевна сцена и ја добива престижната награда „Аугуст“ за 2020 година. Досега романот е преведен на повеќе од дваесет јазици.

За преведувачката:

Авторка: Лидија Сандгрен 

Издавач: Арт Конект

Едиција: Измислени светови

Наслов на оригиналот: Samlade verk / Lydia Sandgren

Превод: Катерина Јосифоска

Број на страници: 776

Формат: е-книга

Година: 2024

ISBN: 978-608-5058-05-1

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали