Прејдете на информации за артиклот
1 од 3
Криста Унцнер

ТЕА. ДНЕВНИК / е-Книга

ТЕА. ДНЕВНИК / е-Книга

Шифра: :Шифра: 30158е

Медиум
Редовна цена 600 ден.
Редовна цена Продажна цена 600 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Мала залиха

ТЕА. ДНЕВНИК / е-Книга

Графички романи, книги за млади, 16+ години

Во велепоседничката куќа во Протцен, североисточно од Берлин, е сместена 18-годишната Теа до крајот на април 1945 година. Додека американските и англиските бомбаши грмат над куќата во насока на Берлин, таа пишува дневник. Со страв помислува на својата родна куќа во Шенајхе, чита љубовни романи и го добива својот прв вистински бакнеж. Оди во кино, дрдори предрасуди за подоцнежните победнички сили и го гледа страдањето на бегалците – на кои ќе им припаѓа и таа од мај. Сега се преклопуваат настаните: Хитлер е мртов, руската армија навлегува, Германија капитулира. На постојано различни места Теа ја набљудува својата околина со будно око.

Во дневникот се опишани нејзините стравови, нејзиниот сѐ поголем сомнеж во пропагандата, драматичните настани од возењето со запрежната кола, нејзиното враќање во Берлин, пеш низ разорениот град, но и нејзините соништа со кои може на моменти да ѝ побегне на навидум безнадежната реалност, ги споделува во својот дневник. Нејзините записи од една страна се сведоштва за девојчинската наивност и копнеж, но таа раскажува и со новинарска прецизност непосредно од случувањата.

По смртта на Теа, седумдесет години подоцна Криста го добива дневникот на мајка си. Веднаш ја привлекува директноста, што се колеба меѓу детска наивност и дистанцирана јасност. Почнува да се занимава со текстот и притоа исцртува уште едно ниво. И одеднаш настанува разговор, настанува уметност, настанува дело.

Книги за млади - Графички романи - Теа. Дневник | Knigi za mladi - Graficki romani - Tea. Dnevnik 1
Книги за млади - Графички романи - Теа. Дневник | Knigi za mladi - Graficki romani - Tea. Dnevnik 2

За авторката:

Криста Унцнер, род. 1958 год. во Берлин, студирала комерцијална графика. Од 1982 год. работи како самостојна илустраторка и илустрирала околу 150 книги, главно детски книги, кои делумно се објавени во целиот свет. Во изминатите години развива претежно сопствени проекти и мали театарски продукции. Со својот животен сопатник живее во Берлин и во Јужна Франција.

За преведувачката:

Ксенија Чочкова (родена 1979 година) дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи како книжевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Досега работела на повеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата. Со литературен превод се занимава од 2004 година и досега има објавено повеќе од 30 преводи на автори од германско говорно подрачје. Во нејзин превод се објавени автори како Зигфрид Ленц, Бернхард Шлинк, Јулија Франк, Елфриде Јелинек, Бертолт Брехт, Кристоф Хајн, Штефан Цвајг, Елијас Канети, Роберт Валзер, Роберт Музил и други. За своите преводи е наградена со повеќе стипендии како „Средба на преведувачи“ организирана од Литературниот колоквиум Берлин, „Преведувачка резиденција“ на Гете институтот и фондацијата Алфред Тепфер во Гут Зиген.

Возраст: 16+ години

Автор: Криста Унцнер

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод од германски: Ксенија Чочкова

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Категорија/жанр: книга за млади; графички роман

Медиум: е-книга

Формат: .pdf

Број на страници: 88

ИСБН: 978-608-4673-29-3 (е-книга)

Година на издавање: 2025

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали