ДА СЕ БИДЕ ЈАС
ДА СЕ БИДЕ ЈАС
Шифра: :Шифра: 30145
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ДА СЕ БИДЕ ЈАС
Книга за млади, 14+ години
|
Општеството има големи очекувања од девојчињата. Притисокот е неиздржлив. Зошто е толку тешко да се биде јас? Што точно значи да се биде девојка, да се биде жена? Можам ли да бидам тоа што сум или сум само производ на сето она што се очекува од мене? Морам ли да ги почитувам наметнатите правила и да бидам „девојка за пример“? Нежна и полна со љубопитство, оваа илустрирана книга за млади во која тринаесетгодишната Роса го преиспитува своето место во светот, на паметен начин ги обработува темите за промените во тинејџерството, промените во емоциите, промените на телото, а одговара и на прашањата за сексуалноста и за наметнатите очекувања од околината. |
|
За авторката: Ана Хоглунд е шведска авторка и илустраторка родена во 1958 година. Се смета за една од најзначајните шведски илустраторки, а работела со автори како Улф Старк и Барбро Линдгрен. Има напишано и свои авторски дела (сликовници и книги за млади), а била наградена со повеќе шведски и меѓународни награди, како „Deutscher Jugendliteraturpreis“, плакетата „Elsa Beskow“, наградата „Zilveren penseel“, „August Prize“ и плакетата „Nils Holgersson“. Во 2016 ги добива и наградата „Astrid Lindgren“ и посебно споменување (Special Mention) за „Bologna Ragazzi Award“. Жири-комисијата за наградата „Astrid Lindgren“ вели: „Ана Хоглунд пишува и илустрира на начин кој е и поетичен и прецизен, и тенденциозен и прекрасен, и современ и безвремен – таа зборува за врските, емоциите, идентитетот и растењето и тоа ги допира и остава печат и на младите и на повозрасните читатели.“ За преведувачката: Родна Русковска работи како самостоен и судски овластен преведувач за шведски и англиски јазик. Како некој што лично бил вклучен во шведската култура, посебен дел од нејзината преведувачка работа е посветен на превод на литературни дела од шведската книжевност. Меѓу шведските автори чии дела ги превела на македонски јазик и се достапни за македонските читатели се делата на познатите и наградувани Селма Лагерлеф, Астрид Линдгрен, Стиг Дагерман, Пер Улов Енквист, Рејдар Јонсон, Шерштин Екман, Елен Матсон, Ане Свард, Лина Волф, Лена Андерсон, Карл-Јохан Валгрен, Ева-Мари Лифнер, Стефан Мендел Енк, Јунас Карлсон, Јонас Хасен Кемири, Оскар Крун, Лив Стромквист, Сара Лундберг, Јоханес Анјуру, Мартин Видмарк, Мортен Санден и др. Тековно работи на неколку шведски модерни литературни преведувачки проекти. |
Возраст: 13+ години
|
|
Линк до дигиталните изданија на книгата: |

Сподели

