ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА
ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА
Шифра: :Шифра: 30123
Достапно веднаш
Не може да се вчита можност за преземање
ГОЛЕМАТА ЦРНА ПТИЦА
Книги за млади, романи за млади, 11+ години
|
Кога Бен и неговиот помал брат ќе се разбудат еден сончев октомвриски ден, мајка им е мртва. Бен раскажува за деновите што следуваат, за шокот, за тоа како се чувствуваш кога ќе се соочиш со смртта и како секој член на семејството реагира различно на неа. Тој се сеќава на неочекуваните изливи на бес на мајка му или на тоа како сакала да се искачува на дрвја – и да најде утеха во еден обичен пердув кој долетува од небото. Приказна за несфатливото, за интензитетот на чувствата, за блискоста, утехата и враќањето на самодовербата. „Смртта е како замавнување со крилја, беше рекла еднаш Ма. Сакаше вакви изреки. Како замавнување со крилја на голема црна птица, која прелетува, а нејзината сенка паѓа кратко врз оној што случајно седи долу и малку подолго врз оние што можеби тукушто стигнале таму.“ |
|
За авторката: Штефани Хефлер, родена во 1978 година во близината на Штутгарт, Германија, завршила германски, англиски и скандинавски студии во Фрајбург, Германија, и во Данди, Шкотска. Работела како учителка и театарски едукатор. Со семејството живее во Шварцвалд, Германија. Нејзиниот прв роман за деца и млади е »Mein Sommer mit Mucks« („Моето лето со Мукс“), во 2015 година, за кој ја добила наградата за млади писатели на германската Академија за литература за деца, а во 2016 година била номинирана за престижната Deutscher Jugendliteraturpreis (Германската награда за литература за млади) во категоријата литература за деца. Нејзиниот роман »Der Tanz der Tiefseequalle« (2017; „Танцот на Длабокоморските медузи“), исто така беше номиниран за Deutscher Jugendliteraturpreis, а ја доби и наградата LUCHS во 2017 година. За преведувачката: Ксенија Чочкова (родена 1979 година) дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи како книжевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Досега работела на повеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата. Со литературен превод се занимава од 2004 година и досега има објавено повеќе од 30 преводи на автори од германско говорно подрачје. Во нејзин превод се објавени автори како Зигфрид Ленц, Бернхард Шлинк, Јулија Франк, Елфриде Јелинек, Бертолт Брехт, Кристоф Хајн, Штефан Цвајг, Елијас Канети, Роберт Валзер, Роберт Музил и други. За своите преводи е наградена со повеќе стипендии како „Средба на преведувачи“ организирана од Литературниот колоквиум Берлин, „Преведувачка резиденција“ на Гете институтот и фондацијата Алфред Тепфер во Гут Зиген. |
Возраст: 11+ години
|
|
Линк до дигиталните изданија на книгата: |

Сподели

