Прејдете на информации за артиклот
1 од 1
Сезен Аксу Ташјурек

КАДЕ Е МОЈОТ ДОМ

КАДЕ Е МОЈОТ ДОМ

Шифра: :Шифра: 30063

Повез
Редовна цена 550 ден.
Редовна цена Продажна цена 550 ден.
-Liquid error (snippets/price line 128): divided by 0% Недостапно
Испорака и попусти пресметани при плаќање.

Достапно веднаш

КАДЕ Е МОЈОТ ДОМ

Сликовници, книги за деца, 4+ години

„Земјата некогаш била најубавата планета во Вселената, со широко, чисто, сино небо над неа, со бескрајно зеленило распослано по нејзината површина. Но, со време сè се сменило. Синилото на небото и зеленилото на нејзината површина веќе не биле како некогаш.“

Пред нас е приказната за светот кој се менува под влијание на луѓето кои немаат свест за околината и за добродушната верверичка која ќе остане без својот дом.

Еден од најубавите начини како да им помогнеме на дечињата од претшколска возраст да ја стекнат свесноста за околината, токму кога почнуваат да го откриваат светот, е да прочитаат убава книга.

„Каде е мојот дом?“ од турската писателка и илустраторка Сезен Аксу Ташјурек, во превод на Васко Марковски, е книга што ќе се чита токму од таа причина.

„На најубавата планета во светот и на сите живи суштества што живеат на неа…“

За авторката:

Сезен Аксу Ташјурек e писателка и илустраторка на книги за деца. Родена е во 1989 година во Ескишехир, Турција. Дипломирала на Анадолската школа за убави уметности, a потоа и на Думлупинарскиот факултет за убави уметности, на одделот за цртани филмови и анимација. Таа пишува и илустрира книги за деца од 2013 година. Досега, илустрирала повеќе од 60 книги за деца. Ги напишала и ги илустрирала следниве книги: „Дали чудовиштата доаѓаат ноќе?“ (2017), „Каде е мојот дом?“ (2017) и „Џиновскиот ковчег на Пера“ (2022). Таа постојано работи на нови проекти во нејзиното студио во Истанбул.

За преведувачот:

Васко Марковски (1973) е туристички водич, патеписец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патеписец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008-2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“. Автор е на поетската книга „Корпоративно утро“ (2013), на монографијата „Урбани легенди“ (Бегемот, 2018, 2023), збирката репортажи „Непозната Македонија“ (Бегемот, 2020) и книгата поезија „Скопски улици“ (Бегемот, 2022). Преведува од турски на македонски проза и поезија. Во 2014 година објавил избор од сто песни од знаменитиот турски поет Орхан Вели („Риба во шишето ракија“, Антолог, 2014), на стогодишнината од раѓањето на поетот. За неговите патеписи е награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година.

Возраст: 4+ години

Автор: Сезен Аксу Ташјурек

Илустрации: Сезен Аксу Ташјурек

Издавач: ИД-Концепт (Чудна шума)

Импринт: Чудна шума

Превод: Васко Марковски

Категорија/жанр: сликовница, книга за деца

Едиција: YES (Млади европски приказни)

Формат: 250 x 250 mm

Повез: тврд

Број на страници: 52

ISBN: 978-608-4938-52-1

Година на издавање: 2023

Линк до дигиталните изданија на книгата:

Каде е мојот дом - е-Книга ↗

Каде е мојот дом - Аудио книга

Ко-финансирано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Повеќе детали