
Творовите се малечки цицачи од фамилијата куни, со темнокафеаво или црно крзно и бела шара на грбот. Тие живеат на континентите Северна и Јужна Америка, во селски атари, предградија и во градовите.
Познати се по тоа што лачат секрет со многу непријатен мирис, со кој се штитат и се бранат од непријателот, а тоа обично се големи птици-грабливки. Мирисот што го испуштаат излегува како спреј од две жлезди сместени под опашката, а овој спреј може да достигне и до 3,7 метри во далечина!
Творовите се ноќни животни, тие дење спијат во дувла под земјата, а ноќе излегуваат да бараат храна. Се хранат со овошје, растенија, инсекти, јајца од птици, мали глодачи и мали птици.
