од Владимир Лукаш

Едно ајкулче си пливкало и како пиле си џивкало. Тоа сакало врапче да биде, семки да јаде, на гранка да спие. Мајка му, ајкула од пет метри од која се плашел дури и ветрот, гнездо му сплела од алги, да си џивка низ морските далги. Ајкулчето пораснало во ајкула бела која пловела низ планетата цела. Се дружела со галеби и корморани, си пеела песни со албатроси и пеликани. Секој може да биде тоа што сака, понекогаш лесно, понекогаш со мака. Сеедно дал’ си џуџе ил’ џин, со сите на светот треба да си фин.
Илустрација: Љубиша Камењаров
Од истиот автор: