од Данил Хармс

На масата имаше кутија. Животните дојдоа до кутијата, почнаа да ја разгледуваат, да ја душкаат и да ја лижат. И одеднаш кутијата – еден, два, три – се отвори. А од кутијата – еден, два, три – излезе змија. Животните се исплашија и избегаа. Еден еж не се исплаши, се стрча накај змијата и – еден, два, три – ја лапна. А потоа седна на кутијата и викна: „Кукуригу!“ Не, не така! Ежот викна: „Ав-авав!“ Не, не беше ни така! Ежот викна: „Мјау-мјаумјау!“ Не, повторно погрешно! Не знам како викна, навистина. Кој знае како викаат ежовите?
превод од руски јазик: Билјана Црвенковска
Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.