од Владимир Лукаш

Во големите магарешки уши живеат печени круши, две гитари и мандолина, фудбалер и трамбулина, облаци и грмотевици, жирафи и оперски певици, боички и цртачки блокови скокалница за ски-скокови, две џуџести планети, осум вештерки клети, снешко и песочна кула и математичар кој множи со нула. Тоа е сѐ? Секако дека не! Има и седум светски чуда, рудари што копаат руда, птици облечени за на бал, прасиња што си играат в кал, брат му на Дедо Мраз и вкусна пита со праз. Тоа е сѐ? Секако дека не! Но, за да откриете легнете да си поспиете, зашто в детскиот сон се кријат тајни тон.
Илустрација: Лукаш
Од истиот автор: